Директорот г-дин Џемаил Елмази оствари работна средба со претставници од институциите надлежни за регионален развој на Р. Косово

На ден 04/10/2011 година, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази оствари работна средба со претставници од повеќе институции надлежни за спроведување на политиките за регионален развој во Република Косово.
На средбата присуствуваа Директорот на Одделот за регионален развој и европски интеграции при Министерството за локална администрација на Република Косово, г-динот Бесим Камберај, како и директорите на петте Агенции за регионален развој на Република Косово. На средбата присутните разменија информации за досегашното искуство и разговараa за можностите за идна соработка помеѓу Бирото за регионален развој и надлежните институции од Република Косово.
Sredba 4.10.2011-1
Sredba 4.10.2011