01/08/2014, Финансирање на подрачја со специфични развојни потреби и села во 2014 година

web.одлука

Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Македонија” бр.63/07, 187/13 и 43/14), Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 1.8.2014 година, донесе:

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПОДРАЧЈА СО СПЕЦИФИЧНИ РАЗВОЈНИ ПОТРЕБИ ВО 2014 ГОДИНА

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА РАЗВОЈ НА СЕЛАТА ВО 2014 ГОДИНА

13/02/2014, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 13/02/2014 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2014 година ќе се имплементираат вкупно 26 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 42.095.533 денари. Продолжете со читање 13/02/2014, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

25/11/2013, Средба со претставници од Германското друштво за техничка соработка

Директорот на Бирото за регионален развој, г-дин Џемаил Елмази оствари средба со претставникот на ГИЗ (Германско друштво за техничка соработка) и лидер на проектот, г-дин Реинхолд Бауерле.
Германското друштво за техничка соработка во Република Македонија има круцијална улога во областа на регионалниот развој со чија помош е изготвен и Законот за рамномерен регионален развој и Стратегијата за регионален развој со тригодишен Акциски план.  Продолжете со читање 25/11/2013, Средба со претставници од Германското друштво за техничка соработка

02/07/2013, Потпишани договорите за реализација на проекти за развој на селата и развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2013 година

web.потпишување на договорите

“Директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Елмази ги потпиша Договорите за 2013 година со градоначалниците на 13 општини за реализација на проектите за развој на селата и со 14 општини за проекти кои се однесуваат на развој на подрачја  со специфични развојни потреби.  Вкупниот буџет на проектите за развој на селта за 2013 година изнесува 7.422.866,20 и 14.845.732,40 за проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби.”

Деталните листи на проектите по општини, објавени во Службен весник на Република Македонија на 20 јуни 2013 година Бр. 88, можете да ги најдете на следниот линк:

Листа на проекти за развој на селата финасирани од Буџетот на РМ во 2013 година

Листа на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби финасирани од Буџетот на РМ во 2013 година

27/06/2013, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 27/06/2013 година, во просториите на Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој претставувано од директорот Џемаил Елмази  и  раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија ги потпишаа договорите за реализација на проекти за 2013 година. Продолжете со читање 27/06/2013, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

30/11/2012, Посета на Украинска делегација на Бирото за регионален развој

На ден 30.11.2012 во просториите на Бирото за регионален развој се одржа средба на која присуствуваа директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Џемаил Елмази, дел од вработените во Бирото и делегацијата на Украина. Темата на посетата беше размена на искуства во делот на имплементација на регионалната политика од страна на Биротот за регионален развој и координацијата со Центрите за развој на планските региони. Продолжете со читање 30/11/2012, Посета на Украинска делегација на Бирото за регионален развој

06/11/2012, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

На ден 06/11/2012 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2012 година ќе се имплементираат вкупно 27 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 13.322.925 денари. Продолжете со читање 06/11/2012, Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

Директорот г-дин Џемаил Елмази оствари работна средба со претставници од институциите надлежни за регионален развој на Р. Косово

На ден 04/10/2011 година, директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Елмази оствари работна средба со претставници од повеќе институции надлежни за спроведување на политиките за регионален развој во Република Косово. Продолжете со читање Директорот г-дин Џемаил Елмази оствари работна средба со претставници од институциите надлежни за регионален развој на Р. Косово

Склучени Договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото за регионален развој и Центрите за развој на 8-те плански региони во Република Македонија

dogovor 2011
На ден 06/05/2011 година, во просториите на Бирото за регионален развој се потпишаа договорите за реализација на проекти помеѓу Бирото, претставувано од директорот Џемаил Елмази  и раководителите на Центрите за развој  на 8-те плански региони на Република Македонија. Во текот на 2011 година ќе се имплементираат вкупно 37 проекти за развој на планските региони со вкупна вредност од 92.065.766 денари. Распределбата на средствата наменети за поттикнување на регионалниот развој се доделуваат врз основа на класификација на планските региони според степенот на развиеноста за периодот од 2008 до 2012. Оттаму, произлегува следнава распределба за 2011 година:
– 6 (шест) проекти, во вредност од 5.944.268 ќе се реализираат од страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион;
– 3 (три) проекти во вредност од 9.845.193 ќе се реализираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион;
– Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе реализира 6 (шест) проекти во вредност од 11.168.000;
– Центарот за развој на Југозападниот регион ќе реализира 6 (шест) проекти во вредност од 12.074.294;
– 5 (пет) проекти за поттикнување на регионалниот развој во вредност од 12.074.294 ќе бидат реализирани од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион;
– Центарот за развој на Вардарскиот регион ќе реализира 4 (четири) проекти во вредност од 12.538.689;
– Центарот за развој на Источниот плански регион ќе реализира 4 (четири) проекти во вредност од 13.003.085 и
– 3 (три) проекти во вредност од 15.417.944 ќе бидат реализирани од страна на Североисточниот плански регион.

Финансирањето на проекти за намалување на диспаритетите помеѓу планските региони и поттикнувањето на рамномерниот регионален развој е израз на нашата определба за создавање еднакви можности за сите, истакна директорот на Бирото за регионален развој, Џемаил Елмази. Г-дин Елмази истакна дека Бирото за регионален развој останува целосно посветено да им помогне на центрите за развој да обезбедат сеопфатно и ефикасно спроведување на проектите и им посака успех на Раководителите на Центрите во реализацијата на истите.

Деталната листа на проектите по региони, објавена во Службен весник на Република Македонија на 27 април 2011 година Бр. 60, можете да ја најдете на линкот подолу:

Листа на проекти за развој на планските региони финасирани од Буџетот на РМ во 2011 година