Програма за рамномерен регионален развој за 2013 година

web.programa

За поттикнување на рамномерниот регионален развој на Република Македонија во 2013 година, во Буџетот на Република Македонија за 2013 година се утврдени средства во износ од 51.543.000 денари.
Средствата од оваа Програма ќе се користат за следниве намени:

Ред. Бр. Намена Вкупно денари
1 Пренесени обврски од 2012 година 14.100.000
2 Неповратно учество во финансирање проекти во планските региони 24.260.100
3 Неповратно учество во финансирање проекти во подрачја со специфични развојни потреби   6.928.600
4 Неповратно учество во финансирање проекти за развој на селата 3.464.300
5 Исплата на средства за плаќање на придонесите за ПИО и ЗО за лица кои имаат стекнато право на плаќање 2.500.000
6 Исплата на средства за одобрени регреси на дел од камати по користени кредити 300.000
Вкупно:  51.543.000