Јавен повик II 2015

На 21.09.2015 огласен е вториот Јавен повик за “Прибирање на предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2015 година “.

Содржината може да ја ја видите во документот Jавен повик 2015 .doc

Јавниот повик трае до 01.10.2015 година.

 

Програма за рамномерен регионален развој за 2013 година

web.programa

За поттикнување на рамномерниот регионален развој на Република Македонија во 2013 година, во Буџетот на Република Македонија за 2013 година се утврдени средства во износ од 51.543.000 денари.
Средствата од оваа Програма ќе се користат за следниве намени:

Ред. Бр. Намена Вкупно денари
1 Пренесени обврски од 2012 година 14.100.000
2 Неповратно учество во финансирање проекти во планските региони 24.260.100
3 Неповратно учество во финансирање проекти во подрачја со специфични развојни потреби   6.928.600
4 Неповратно учество во финансирање проекти за развој на селата 3.464.300
5 Исплата на средства за плаќање на придонесите за ПИО и ЗО за лица кои имаат стекнато право на плаќање 2.500.000
6 Исплата на средства за одобрени регреси на дел од камати по користени кредити 300.000
Вкупно:  51.543.000

Програма за рамномерен регионален развој за 2011 година

web.programa

За поттикнување на рамномерниот регионален развој на Република Македонија во 2011 година, во Буџетот на Република Македонија за 2011 година се утврдени средства во износ од 85.491.000 денари.
Средствата од оваа Програма ќе се користат за следниве намени:

Ред. Бр. Намена Вкупно денари
1 Пренесени обврски од 2010 година 12.883.345
2 Неповратно учество во финансирање проекти во планските региони 44.175.358
3 Неповратно учество во финансирање проекти во подрачја со специфични развојни потреби 12.621.531
4 Неповратно учество во финансирање проекти за развој на селата 6.310.766
5 Исплата на средства за плаќање на придонесите за ПИО и ЗО за лица кои имаат стекнато право на плаќање 8.000.000
6 Исплата на средства за одобрени регреси на дел од камати по користени кредити 1.500.000
Вкупно: 85.491.000

СЕМИНАР “Рурален развој”, Брисел – Белгија

RUR

Во соработка со ЕУ Делегација во Република Мкаедонија, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, делегација од Република Македонија заедно со претставници од земјите од Западен Балкан и Турција, земаа учество на Семинарот на тема “Рурален развој”, кој се одржа во Брисел – Белгија од 17 до 19 септември. Семинарот е дел од TAIEX Програмата во соработка со Комитетот на регионите.

На следниот линк, може да ја погледнете програмата во целост како и темите кои беа опфатени на семинарот:

This slideshow requires JavaScript.