Плански региони

map created with amCharts | amCharts

 

Планските региони на Република Македонија се усвоени во Собранието на Македонија на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на 8 (осум) плански региони, кои служат за статистички, економски и административни цели. Покрај регионите, првостепена административна поделба на Македонија се општините.

Најголем регион по површина е пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија. Руралните општини се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.

Полошкиот и југозападниот регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени.

Поделба

Македонија, според Собранието на републиката, е поделена на 8 (осум) региони:

  1.   Скопски регион Logo of Skopje Region.svg

798px-Skopje_statistical_region.svg

Овој регион ја опфаќа скопската котлина, а неговата површина изнесува 1.812 квадратни километри или 7,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Скопскиот регион го сочинуваат следните 17 (седумнаесет) Oпштини:

Општина Аеродром, Општина Бутел, Општина Гази Баба, Општина Ѓорче Петров, Општина Карпош, Општина Кисела Вода, Општина Сарај, Општина Чаир, Општина Центар, Општина Шуто Оризари, Општина Сопиште, Општина Студеничани, Општина Зелениково, Општина Петровец, Општина Арачиново, Општина Илинден и Општина Чучер-Сандево.

 

2.   Источен регион Logo of Eastern Region, Macedonia.svg

798px-Eastern_statistical_region.svg

Овој регион го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3.537 квадратни километри или 14,2 проценти од територијата на Македонија. Источниот регион го соочинуваат следните 11 (единаесет) Oпштини:

Општина Штип, Општина Карбинци, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево, Општина Пробиштип, Општина Кочани, Општина Македонска Каменица, Општина Делчево, Општина Пехчево, Општина Виница и Општина Берово.

3.  Југоисточен регион Logo of Southeastern Region, Macedonia.svg

798px-Southeastern_statistical_region.svg

Овој регион ги опфаќа струмичко-радовишката и гевгелиско-валандовската котлина, односно сливното подрачје на Струмичката река и долното сливно подрачје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Македонија. Југоисточниот регион го сочинуваат следните 10 (десет) Oпштини:

Општина Гевгелија, Општина Богданци, Општина Валандово, Општина Дојран, Општина Ново Село, Општина Босилово, Општина Василево, Општина Конче, Општина Радовиш и Општина Струмица.

4.  Североисточен регион Logo of Northeastern Region, Macedonia.svg

798px-Northeastern_statistical_region.svg

Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2.310 квадратни километри, што преставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Североисточниот регион го сочинуваат следните 6 (шест) Oпштини:

Општина Липково, Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце, Општина Кратово и Општина Крива Паланка.

5. Пелагониски регион Logo of Pelagonia Region.svg

798px-Pelagonia_statistical_region.svg

Овој регион ги опфаќа пелагониската и преспанската котлина, зафаќа површина од 4.717 квадратни километри или 18,9 проценти од територијата на Македонија. Пелагонискиот регион го сочинуваат следните 9 (девет) Oпштини:

Општина Ресен, Општина Битола, Општина Новаци, Општина Могила,  Општина Демир Хисар, Општина Кривогаштани, Општина Прилеп, Општина Долнени и Општина Крушево.

6. Вардарски регион Logo of Vardar Region.svg

798px-Vardar_statistical_region.svg

Овој регион се простира во централниот дел на Македонија и го опфаќа средното сливно подрачје на реката Вардар, долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река и крајниот западен дел од Овче Поле. Зафаќа површина од 4.042 квадратни километри или 16,2 проценти од територијата на Македонија. Вардарскиот регион го соочинуваат следните 9 (девет) Oпштини:

Општина Свети Николе, Општина Велес, Општина Лозово, Општина Чашка, Општина Градско, Општина Росоман, Општина Неготино, Општина Демир Капија и Општина Кавадарци.

7. Југозападен регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg

798px-Southwestern_statistical_region.svg

Овој регион го опфаќа басенот на Охридското Езеро и сливното подрачје на реката Треска, зафаќа површина од 3.340 квадратни километри или 13,4 проценти од територијата на Македонија. Југозападниот регион го соочинуваат следните 13 (тринаесет) Oпштини:

Општина Охрид, Општина Дебарца, Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Другово,  Општина Центар Жупа, Општина Кичево, Општина Осломеј, Општина Зајас, Општина Македонски Брод, Општина Вранештица, Општина Дебар и Општина Пласница.

8. Полошки регион Logo of Polog Region.svg

798px-Polog_statistical_region.svg


Овој регион ги опфаќа полошката котлина, мавровската висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика. Вкупната површина на регионот е 2.416 квадратни километри или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Полошкиот регион го сочинуваат следните 9 (девет) Oпштини:

Општина Маврово и Ростуша, Општина Гостивар, Општина Брвеница, Општина Врапчиште, Општина Желино, Општина Боговиње, Општина Тетово, Општина Теарце и Општина Јегуновце.

Биро за регионален развој