Биро

Од 1974 до 1994 година важеше законот за републички фонд за кредитирање на побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта. Институцијата преку која се пласираа средствата  беше републички фонд за кредитирање на побрзиот развиток на стопански недоволно развиените краишта.

Од 01.01.1994 година престанува со работа Републичкиот фонд, а почнува со работа Агенцијата за стопански недоволно развиените подрачја.

Од 2000 година правен следбеник на оваа Агенција е Бирото за стопански недоволно развиени подрачја.

Од 01.01.2008 година правен следбеник е Бирото за регионален развој, орган во состав на Министерството за локална самоуправа, со својство на посебно правно лице.

Бирото ги врши следниве основни работи:

  1.  Подготвува аналитичко документациска основа за изготвување на стратешките и оперативни плански документи за регионален развој;
  2.  Ја изработува предлог-методологијата за изработка на планските документи;
  3. Подготвува годишни извештаи за имплементација на Акциониот план на Стратегијата;
  4. Ја изработува предлог-одлуката за критериумите и индикаторите за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби;
  5. Ја изработува предлог-листата на подрачјата со специфични развојни потреби;
  6. Ги изработува предлог-критериумите за степенот на развиеност на единиците на локалната самоуправа и регионите;
  7. Го изработува предлог-актот за класификација на единиците на локалната самоуправа и планските региони според степенот на развиеност;
  8. Дава стручна помош на центрите за развој на планските региони при подготовка на програмите за развој на планските региони и вршење на други активности поврзани со регионалниот развој;
  9. Ги информира засегнатите страни за видовите и обемот на средствата и инструментите за поттикнување на регионалениот развој;
  10. Воспоставува и се грижи за информацискиот систем за регионалниот развој во соработка со Државниот завод за статистика;
  11. Врши и други работи од областа на регионалниот развој утврдени со закон.
Извори за финансирање на регионалниот развој:
  • Буџетот на Република Македонија (1% од БДП);
  • Буџетите на единиците на локалната самоуправа;
  • Фондовите на Европската унија;
  • Други меѓународни извори;
  • Донации и спонзорства од физички и правни лица.
Кој може да аплицира?
  • Единиците на локална самоуправа;
  • Правни лица кои ќе реализираат проекти во регионите;
За какви проекти може да се аплицира?

За инфраструктурни проекти:
· Технички (регионални и локални патишта, водоводи и сл.);
· Социјална инфраструктура (училишта и здравствени станови);
· Проекти за развој на туризмот во регионите

Распределба на средствата за поттикнување рамномерен регионален развој:
  • 70% за финансирање на проекти за развој на плански региони, кои се распределуваат според нивниот степен на развој;
  • 20% за финансирање на проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби;
  • 10% за финансирање на проекти за рзвој на селата.

 
Средствата се доделуваат на единици на локалната самоуправа во кои се определени подрачја со специфични развојни потреби, откако претходно истите ќе добијат согласност од регионалните совети.

Биро за регионален развој