Интерен Оглас|

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2020

за унапредување на двајца (2) административни службеници

во Бирото за регионален развој

1.            УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за мониторинг, следење и евалуација на проекти,  Одделение за мониторинг, следење и евалуација на проекти, Сектор за имплементација на проекти и следење на користењето на средствата за регионален развој -1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки или Наука за земјиштето и хидрологија

–    Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалкушест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              раководење и

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–    положен испит за административно управување

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                           

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 31.000,00 денари.

2. УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за стручно-административни работи,  Одделение за стручно-административни работи, Сектор за општи и административни работи-1 извршител

Општи услови:

–              да е државјанин на Република Македонија,

–              активно да го користи македонскиот јазик,

–              да е полнолетен,

–              да има општа здравствена способност за работното место и

–              со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–   Стручни квалификации: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен Економски науки или Правни науки

–    Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалкушест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор

Општи работни компетенции на напредно ниво

–    решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг

–              учење и развој;

–              комуникација;

–              остварување резултати;

–              работење со други/тимска работа;

–          стратешка свест;

–              ориентираност кон странките/засегнати страни;

–              раководење и

–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции:

–    активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија  (англиски, француски, германски),

–    активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и

–    положен испит за административно управување

Распоред на работното време:

–              Работни денови:  од понеделник до петок    

–              Работни часови неделно: 40 часа 

–              Работно време:  7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот

–              Опис на работното време: со почеток на работното време помеѓу  7:30/8:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30/16:30 часот                                                                            

Плата:

Паричниот нето износ изнесува 31.000,00 денари.

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Бирото за регионален развој, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место пропишани за соодветното ниво со Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Бирото за регионален развој, при ова административниот службеник треба да ги исполнува и следните услови:

–    да е оценет со оцена А или Б при последното оценување на кое бил оценуван,

– да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

– да поминал најмалку две години на истото ниво и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава  и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Бирото за регионален развој до административниот службеник кој е надлежен за управување со човечки ресурси и до службената адреса на на административниот службеник надлежен за управување со човечки ресурси covecki.resursi@outlook.com .

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази

–    потвдри за успешно реализирани обуки и/или

–    потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страната на Бирото за регионален развој.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

НАПОМЕНА: Ненавремената, нецелосната и неуредно пополнетата пријава нема да се разгледува. Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци, ќе биде дисквалификуван од натамошна постапка по овој оглас.

Comments are closed.

Close Search Window