
"Со овој број на списанието РЕГИНФО опфативме и теми кои сметаме дека се од големо значење за регионалниот развој во Република Македонија. Имено, покрај промовирањето на мал дел од реализираните проекти, бројните интервјуа, прикажување на резултатите од спроведениот мониторинг на проектите од 2010 година, претставувањето на настанот наречен "Отворени денови" во Брисел, се потрудивме да направиме и компаративен приказ на институции задолжени за регионален развој и во други земји во регионов". - изјавува директорот на Бирото за регионален развој г-дин Џемаил Ељлмази.